| четврток, 6 декември 2018 |

Утре ќе почнат преговорите меѓу Атина и кредиторите на техничко ниво

Negotiations between Greek Government and its lenders continue in Brussels
Преговорите со кредиторите на техничко ниво ќе почнат утре, соопшти официјален претставник на грчкото Министерство за финансии.

На дневен ред, меѓу другото, ќе бидат прашања што се однесуваат на фискалните, пензиските и на трудовите реформи, јави дописникот на МИА од Атина.

Министерството за финансии, исто така, соопшти дека прашањето за дополнителни реформи не е поставено, во согласност со договорот од самитот на 12 јули, ниту во писмото на министерот за финансии, Еуклид Цакалотос до Европскиот механизам за стабилност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top