Домат – срце
Доматот има комори и е црвен. Срцето, исто така. Истражувањата покажуваат дека доматот е полн со калиум и со железо, кои се посебно добра храна за срцето и крвта.
Орев – мозок
Јадрото на оревот личи на мозок, има лева и десна хемисфера, па дури и набори, кои потсетуваат на мозочните бразди. Познато е и дека оревот создава невронски пренесувачи на мозочните функции.
Целер – коски
Целерот е сличен и на изглед, а покрај тоа и влијае на цврстината на коските. Коските содржат 23 проценти натриум, баш како и оваа храна.
Авокадо – матка
Ако жената јаде по едно авокадо неделно, хормоните ќе ѝ бидат во рамнотежа и ќе се намалат шансите за рак на матката и на јајчниците. Најинтересно е тоа што се потребни девет месеци за авокадото да стане плод од првичниот цвет.
Морков – очи
Во пресек, морковот личи на човечкото око. И да, науката веќе одамна докажа дека морковите го зголемуваат протокот на крв и ја подобруваат функцијата на очите.
Грејпфрут – женски гради
Портокалите, грејпфрутот и другото цитрусно овошје, покрај тоа што личат на женски гради, помагаат лимфите да се движат низ дојката и да го спречуваат настанувањето рак.
Ѓумбир – желудник
Покрај тоа што личи на овој човечки орган, ги ублажува и мачнините во него и подуеноста. Содржи посебни ензими кои го подобруваат варењето и спречуваат силни грчеви, спречуваат настанување на чирови, ја чува слузокожата…
Печурки – уво
Пресекот на шампињоните е идентичен со школката од увото. Покрај тоа, само неколку печурки дневно може да го подобрат слухот, затоа што тие се едни од ретките намирници што содржат витамин Д.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст