| четврток, 6 декември 2018 |

„Хроматик поинт“ на „Топол културен бран“ во Кочани

Групата „Хроматик поинт“ одржа концерт на летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, во рамки на првата етапа од манифестацијата „Топол културен бран“.

hromatic_band

– Ова е една од содржините во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“. До крајот на неделата ни преостанува да проследиме уште една содржина, а тоа е театарската прества „Љубовник со висок стил“ во продукција на Аматерскиот театар од Демир Капија – изјави Аника Илијеска Горгиева од одделението за општествени дејности од општина Кочани.

Во втората етапа од Топол културен бран кочанци ќе ја видат театарската претстава „Хотел ни на небо ни на земја“ во изведба на Националната установа Центар за култура од Штип и промоција на книга и изложба на Роза Мојсовска.

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа, 26 јули, беше промовирана книгата „Цветен аманет“ од Анита Бошкоска – Карајовиќ.

Содржините од годинашната манифестација „Топол културен бран“ финансиски се поддржани од Министерството за култура и Општина Кочани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top