Ќе се гради нов Ургенетн центар во Куманово во рамките на Општата болница во Куманово. Веќе е изработен идејниот проект.
-Објектот ќе се состои со приземје и кат со површина од околу 600 метри квадратни и ќе се гради до местото каде што се наоѓаат постојните ургентни амбуланти на Интернистичкиот оддел, така што овие објекти ќе се поврзат и ќе се добие една целина на нов Ургентен центар, објави денеска министерот за здравство Никола Тодоров.
Во Ургентниот центар ќе има комплетна дијагностика и за хируршки и за интернистички ургентни состојби, со што во објектот ќе бидат поставени и рендген апарати и апаратот за компјутеризираната томографија.
-Новиот Ургентен хируршки центар ќе содржи: итна хируршка амбуланта, соба за дневна болница, ортопедска амбуланта, уролошка амбуланта, анестезиолошка амбуланта и други простории. Ова ќе биде дополнително на веќе постоечки амбуланти на интернистичкиот оддел, додаде Тодоров.
Станува збор за инвестиција од нешто повеќе од 20 милиони денари која се очекува да биде завршена до крајот на 2016 година.
Министерството за здравство веќе распиша тендер и отпочна постапка за набавка на нова опрема во вкупна вредност од околу 20 милиони денари.
-Станува збор за следните апарати EEMG апарат, хируршка опрема која опфаќа опрема за затворање на крвни садови во тек на интервенција, пнеуматски туби, респиратор, перфузори, инфузомати, сет лабароскопски инструменти, греач за тело, апарат за компресија на нозе и така натаму, додава тој и потенцира дека до крајот на март 2016 треба да заврши набавката.
Во рамки на проектот за развој на специјалности, преку анализа на податоците на „Мој термин“ утврдено е дека има релативно голем број на упати за на Универзитетските клиники и градската болница во Скопје. Евидентирани се вкупно 8.639 упати во изминативе 6 месеци, од сите специјалности кон Клиниките и кон Градската општа болница
-Анализата покажа во кои специјалности се најчести упатувањата и токму затоа ќе се фокусираме на зајакнување на следниве специјалности и преки набавка на опрема и преку едукација на кадар и преку склучување договори со други ЈЗУ, подвлече Тодоров
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст