| четврток, 6 декември 2018 |

Со обична алуминиумска фолија отстранете ги болките

Ако ве мачат болки во вратот, грбот, рамената, колената или имате болка во петицата, која не ви дозволува да застанете на неа, можете на болното место да ставите фолија. По одредено време, болката исчезнува.

Според руските и кинеските исцелители, биотековите што поминуваат низ нашиот организам во биолошката активна точка, се одразуваат и се враќаат назад на меридијанот, од каде што излегуваат. Тоа многу благотворно дејствува на заболениот орган, со кој овој меридијан е поврзан. На овој начин лесно се отстрануваат проблемите, болките што прилично ви здодеале.

Како лекува алуминиумската фолија?

Се зема обична алуминиумска фолија и се става на болното место и се прицврстува (на пример со фластер). Лекувањето со алуминиумска фолија се применува кај сите видови болки, болки во грбот, рацете, нозете, зглобовите, ишијас, ревматодоиден артритис, шилец во петица, талози сол. На истиот начин се лекуваат и постоперативните лузни на местото на хируршкиот рез. Се постигнуваат и добри резултати при лекување  гихт.

Кинеската терапија за лекување со фолија се препорачува во текот на 10-12 дена. Секој ден треба да прицврстите парче фолија на болното место и да го држите цел ден или цела ноќ. Потоа направете пауза од една до две недели и по потреба повторувајте го третманот.

Фолијата има моќен антиинфламаторен ефект. Со нејзина помош можете успешно да лекувате и настинка. За тоа е потребно да ги замотате стапалата во пет-седум слоеви, а меѓу секој слој да ставите хартија или памучна ткаенина. Држете ја таа облога околу еден час, потоа отстранете ја и повторете ја постапката за два часа. Повторно направете пауза и ставете ја трет пат. Време на лекување – една недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top