Етикетирајќи и пресметувајќи се со медиумите, СДСМ охрабрува насилство и работи на строга партиска контрола на медиумите, објави „Курир“. Со етикетирање, со суптилни и со отворени закани тие напаѓаат новинари кои не работат под нивна контрола.
„Курир“ објави дел од навредите што новинарите ги добиваат од страна на СДСМ:
„Партиско гласило, глупави курири, куртони, дебили, пушачи“. Ова се само мал дел од навредите што ги упатува СДСМ, нивните поддржувачи во новинарството, како и нивните активисти кон медиумите кои не мислат и не пишуваат според вкусот на раководството на СДСМ.
На прес-конференциите на опозициската СДСМ, на новинарите им беше вршен голем притисок. Во партиското седиште немаше основни услови за работа, новинарите беа ставани во ќош и исвиркувани од толпата симпатизери само затоа што сакаа да постават прашање. Неретко поддржувачите на Заев и физички се обидуваа да повредат новинари со штипење, клоцање, газење, сопки и притискање. Новинарите во СДСМ добиваа и закани за својот живот и навреди за своето семејство.
Последно, партијата вчера реагираше на анализа објавена во медиумите и наместо да демантира, таа етикетираше медиуми, се обраќаше кон премиерот Груевски, а не кон изворот на информацијата. Со тоа само уште еднаш ја потврди својата опсесивност со ВМРО-ДПМНЕ и со Груевски во моменти кога немаат да понудат нешто автентично.
Со ваквата агресивност на СДСМ и со бруталното етикетирање, се надополнува нивната тенденција да воспостaват контрола врз Агенцијата за медиуми, обидувајќи се на мала врата да ја вклопат во договорот од Пржино и да обезбедат договорање на директор на оваа агенција, зад што се крие желбата за поставување на партиски кадар и преку притисоци и заплашувања да обезбеди контрола во процесот на избори.
Од друга страна, токму ваквите етикетирања, грубото и автократско однесување на СДСМ кон медиумите кои не се финансирани од Сорос, придонесе и ги охрабри нивните извршители и платеници кои самите себе се нарекуваат новинари од типот на Саше Политико, или пак стимулирани и насочени активисти како Ѓуро Кешкец, да предизвикуваат инциденти, да плеткаат, да нарушуваат и да попречуваат во вршењето на новинарската дејност.
Токму ваквото дрско однесување на СДСМ и неговото раководство придонесе за создавање на амбиент во кој повеќе новинари беа нападнати и им беше загрозена слободата, настани кои СДСМ не ги осуди – како на пример ограничувањето на слобода и нападите од Саше Политико, СДСМ не реагираше кога новинарот Антонио Димитриевски беше нападнат од страна на братучедот на Радмила Шекеринска, Никола Наумовски, кога новинарот Дејан Николовски беше нападнат од Стојанче Ангелов, лидер на нивен коалициски партнер.
СДСМ не застана во одбрана на новинар кога Јанко Илковски пред сопствениот дом беше нападнат од активист на СДСМ, кога новинарката Ивона Талевска беше нападната од нивни активисти веднаш по одржување на нивниот митинг, и кога беа искршени просториите на Радио Слободна Македонија за време на еден од нивните протести. Партијата на Заев воопшто не реагираше кога Аднан Ќахил, лидер на нивен коалициски партнер, нападна недолжни граѓани, а не реагираше ниту на нападот кон новинарот Бобан Нонковиќ. СДСМ ги премолчи сите овие немили случувања.
Ниту глас од Здружението на новинари. ЗНМ, кое работи како подружница на СДСМ, за сите овие случаи молчи, иако во нивната декларација кон која се обврзуваат јавно стои – цитираме:
„Нагласуваме дека во целост сме посветени на принципите на отчетност, одговорност и етика во професионалното работење. Ја изразуваме нашата цврста заложба за уредувачка независност на медиумите како основен предуслов за етичко новинарство. Го поддржуваме начелото дека политичките партии или другите центри на моќ не смеат да влијаат врз работата на медиумите, новинарите“.
Со ова ЗНМ станува соучесник во валканата игра на СДСМ, чија задача е да ги контролира медиумите, со што уште еднаш се покажува дека СДСМ симулира демократија зад која се кријат тоталитарните намери за недемократско дејствување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст