„Хрватска излегува од арбитражата, овој договор мора да го раскинеме. Очекувам голема поддршка- едногласна“ , порача хрватскиот премиер Зоран Милановиќ на вонредната прес конференција. „Сите сметаме исто“- додаде тој по средбата со сите парламентарни партии.
– Ова е неиздржливо, мораме надвор – рече Милановиќ додавајќи дека дошло до грубо кршење на одредбите од договорот. Тој не верува дека тоа лошо ќе влијае на односите со соседна Словенија. Тврдењата на словенечкиот премиер Миро Церар дека Хрватска не може еднострано да го раскине договорот, Милановиќ кусо го коментираше: „Може и сака!“, објаснувајќи дека „вакво нешто никогаш не се случило во историјата на Арбитражниот суд“.
Во средата хрватските медиуми објавија транскрипт и аудиоснимка, која покажува дека словенечкиот член на судот и словенечката дипломатка, ополномоштена за следење на процесот, договараат лобирање кај другите судии во Постојаниот арбитражен суд во Хаг во процесот за границата меѓу Словенија и Хрватска. Според аудиото, судот на Словенија би ѝ доделил поголем дел од Пиранскиот Залив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.