| четврток, 6 декември 2018 |

Гонзалез: Има време за подготвување, но мислам дека имаме добра екипа

prv-trening-vo-novata-sezona-2044

– Ракометарите на македонскиот шампион Вардар денеска ги почнаа подготовките за новата сезона со неколку нови играчи во екипата. До почетокот на официјалниот дел во СЕХА лигата, вардарци ќе играат и на два турнири, во Кањижа и во Скопје.

Амбициите на „црвено-црните“ се пласман во Топ-8 во Европа и секако трофеите од домашните натпреварувања.

vardar-gi-pochna-podgotovkite-za-novata-sezona-2037

Патот до ТОП 8 во Лигата на шампионите во новата сезона ќе биде потежок, а ќе треба да се одиграат најмалку 14 натпревари во групната фаза пред да дојде разигрувањето за Ф4 турнирот.

Стартот на новата сезона во СЕХА лигата, со што ќе почне и официјално натпреварувачкиот дел за Вардар, е закажан за крајот на август. Дотогаш тимот ќе одигра неколку контролни натпревари вклучувајќи ги и настапите на двата турнира.

Со новите засилувања кои се веќе приклучени, вардарци имаат подмладен тим, кој без разлика на младоста има искуство во играњето неизвесни и инфаркт натпревари. Сите зад себе имаат настапи во Лигата на шампионите.

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез побара трепение од „староседелците”околу вклопување на новите засилувања во системот на работа, и им посака успешна сезона.

„ Имаме помлади играчи, кои се повисоки, и имаме подобра одбрана. Можеме да играме одбрана и напад, и немора многу да менуваме. Сега сме на почеток, незнаеш како ќе играат. Но, мислам дека потпишавме со добри ракометари. Имаме доста време за ЛШ, но ќе биде и тешко. Можеме да играме и подобро. Но, сите екипи сега се силни во групната фаза и сите имаат амбиции како нас, изјави Гонзалез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top