| четврток, 6 декември 2018 |

Мигрант од Авганистан е убиен на српско-унгарска граница

172024177255b6140c202b5446418973_v4_big

Еден државјанин на Авганистан е убиен во судир меѓу две групи мигранти во Бачки Виногради во Војводина. Двајца се здобиле со тешки телесни повреди. Според соопштението на српското Министерство за внатрешни работи, мигрантите во меѓусебната пресметка употребиле ножеви.

Јавен обвинител и припадниците на МУП-Суботица повеќе часови вршеле увид на местото на убиството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top