| четврток, 6 декември 2018 |

Јогата за трудници со пауза до 15 август

Поради летните одмори, од 28 јули до 15 август бесплатните часови по јога за трудници ќе биде паузиран. Проектот, кој почна на 1 март, е на спортскиот центар „Борис Трајковски“, во соработка со Министерстото за здравство.

– Чест ми е да ја изразам мојата благодарност кон Министерството за здравство, кое безрезервно го поддржа овој проект. Драго ми е што голем број на трудници се пријавија и вежбаат јога и на тој начин позитивно влијаат  на својата бременост. Сите заинтересирани трудници можат да се пријават за часовите по јога секој работен ден во просториите на СЦ ,,Борис Трајковски“ – изјави Златко Перински, директорот на СЦ ,,Борис Трајковски“.

Проект, кој досега се покажа како повеќе од успешен, се мери според бројот на пријавени трудници. Координаторот на проектот, Ивица Митев, не го крие задоволството од постигнатите резултати.

Огромно е задоволството што еден ваков проект наиде на огромен интерес кај трудниците. Уште од самиот почеток успеавме да регистрираме 45 трудници, кои беа заинтересирани за посетување ваков вид часови. Во текот на овие четири месеци бројката се намалуваше и растеше во однос  на тоа како се завршуваше циклусот на бременост кај едни така се пријавуваа нови идни мајки. Да нагласам дека во изминатиот период на одржување на часовите немаше никаква несакана ситуација ниту, пак, потреба од интервенција на лекар, кој е пристутен на часовите –  изјави Ивица Митев, инструктор по јога и координатор на проектот.

Трудниците што ги посетуваат бесплатните часови по јога во СЦ ,,Борис Трајковски“ се благодарни и задоволни затоа што јогата им помогнала многу додека го носеле своето новороденче.

Огромно благодарам за ова искуство. Мојот чин на породување помина без никаков проблем по моето и по здравјето на моето дете. Со помош на вежбите на часовите по јога научив како да го контролирам начинот на дишење со што и го намалив стресот околу самиот чин. Огромно благодарам и до инструкторот за неговата посветеност околу часовите, но и околу нас како трудници со што ни помогна полесно и поздраво да го пребродиме овој период. Со чиста совест им ја препорачувам јогата на сите трудници како начин на вежба за полесно да го поминат периодот на бременост, како и самиот чин на породување – изјави Славица Тодоровска- Димитровска, мајка.

Поради летните одмори, од 28 јули до 15 август проектот „Јогата за трудници“ ќе биде паузиран. Часовите по јога повторно ќе почнат на 15 август. Сите заинтересирани трудници можат да се пријават за часовите по јога секој работен ден во просториите на СЦ „Борис Трајковски“, за да учествуваат на часовите.

Важно е да се нагласи дека јогата за трудници е комплетно приспособена на оваа состојба кај жените и е поделена во три фази, во согласност со развојот на бременоста. Како мерка на внимателност, сите бремени жени што ќе ги посетуваат бесплатните часови по јога за трудници ќе треба да се консултираат со својот лекар, за својата физичка способност за да се избегнат несакани последници.

Јогата за трудници е голема добивка за време на бременоста, но и во периодот на приспособување на новостите што ги носи во нашиот живот. Така се влијае на подигнувањето на квалитетот на живењете и на ослободувањето од стресот. Како најголем спортски комплекс во државата, целта и должноста е да се продолжи со промоција на спортот и со доближување на здравиот начин на живот до граѓаните. СЦ „Борис Трајковски“ ќе продолжи со воведување нови содржини, кои ќе бидат инспирирани од граѓаните и ќе ги следат нивните потреби и интереси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top