| четврток, 6 декември 2018 |

ЕЦБ не дозволи отворање на Атинската берза

greece-euro-crisis
Европската централна банка (ЕЦБ) не го прифати барањето на Банката на Грција и Комисијата за пазар на капиталот за повторно отворање на Атинската берза без ограничување за грчките инвеститори, кои нема да можат да ги користат постоечките депозитни сметки за купување на акции.

Според истите извори, берзата ќе се отвори со ограничувања за една недела, а потоа ситуацијата ќе се преиспитува.

Извори од грчкото Министерство за финансии синоќа изјавија дека Грчката берза би можела повторно да почне да работи утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top