| четврток, 6 декември 2018 |

Поевтини бензини од полноќ

benzinska
Цената на бензините од ноќеска на полноќ ќе се намали за денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинства за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 53 денари, а екстра лесно масло за домаќинство за 41,50 денари.

За 0,672 денари се намалува цената на мазутот М-1 НС од кој енергенс литар ќе чини 25,691 денар.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,37 проценти.

РКЕ ја донесе одлуката за промена на цената на нафтените деривати врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top