| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ што треба да знаете за откритието на новата Земја 2.0 на НАСА

Earth2.0

Научниците на НАСА во четвртокот го објавија откритието Кеплер 452В, познато и како Земја 2.0, планета слична на Земјата во нашата галаксија.

По една година анализирање на податоците собрани од телескопот Кеплер и уште повеќе анализи и работа тука на Земјата, научниците потврдија постоење на оваа оддалечена егзопланета, која е послична на Земјата од сите досега откриени, пишува „Индепендент“. Иако тој е предалеку за да се снима, напредната технологија на НАСА ни овозможи да дознаеме изненадувачки голема количина на информации за оваа нова Земја. Еве се што треба да знаете, собрано е на едно место, пренесува хрватскиот портал „Индекс“.

Таа е најслична планета на Земјата што до сега е откриена
На почетокот на конференцијата Џон Грансфилд од НАСА рече: – Денеска објавуваме откритие на егзопланета, која колку што можеме ние да заклучиме, е далечна роднина на Земјата, до сега најслична на неа. Тоа е Земја 2.0. Се што има на Кеплер 452Б од големината, должината на годините, проценетите услови на површината, е многу слично со Земјата.

Годините на Кеплер 452Б речиси се со иста должина како и на Земјата
Годината на новата откриена планета, времето што ѝ е потребно да се сврти околу својата ѕвезда Кеплер 452, трае 385 дена, само 20 дена подолго од кај нас на Земјата. А со тоа многу ја прави различна со друтите планети, поблиски до Земјата. Годината на Венера трае 88 земски денови. Годината на Нептун, најоддалечена планета во нашиот соларен систем, трае 185 земски денови.

Kepler-452b_System

Поминала милијарди години на оптимална оддалеченост од својата ѕвезда Кеплер 452, ѕвезда планета, од прилика 1,5 милијарди години постара од Сонцето. Ако планетата е преблиску до својата ѕвезда, на неа ќе биде премногу топло за живот. Ако е предалеку, ќе биде премногу студено. Кеплер 452Б е на совршена оддалеченост од својата ѕвезда веќе милијарди години. Според Џон Џенкинс, аналитичар на податоците од Кеплер, тоа значи дека можно е на нејзината површина да постои живот, или да постоел во некој момент во минатото.

Би можела да има вулкани и вода на површината

Кеплер 452Б има можна температура која дозволува на нејзината површина да постои вода, а колку што е познато на човечката раса, тоа е клучно за развој на живот. Според тврдењата на Џон Коглин, истражувач од СЕТИ Институтот, тимот за Кеплер соработувал со геолози за да се открие изгледот на планетата. Со оглед на големината и староста, голема е можноста планетата да е карпеста, што значи дека има и вулкани под површината.

Луѓето потенцијално би можеле да преживеат посилна гравитација на Кеплер 452Б

Новата планета е нешто поголема од Земјата, а се проценува дека има двојно поголема гравитациска сила од Земјата. Сепак, според тврдењата на научниците, тоа не значи дека таму не може да постои живот. Џон Џенкинс рече дека луѓето би можеле да се прилагодат на гравитацијата и да станат подебели за неколку генерации.
– Луѓето веќе се прилагодуваат на големи товари. Човековото тело има неверојатна можност да се поправи самото, така со време дефинитивно може да се приспособи.

Атмосферата е поволна за растенијата
Ѕвездата планета, Кеплер 452 е малку поголема од нашето Сонце. Дополнителната светлина и топлина која ја прима планетата од ѕвездата не само што значи дека планетата е потопла од Земјата, туку и дека растителниот свет е веројатно повеќе развиен. А бидејќи фотосинтезата произведува воздух кој го дишеме, тоа значи дека основа за развој на живот постои. Џон Џенкинс рече: – Сонцето е многу слично на нашето, растенијата би можеле на ист начин да вршат фотосинтеза. Многу би било слично на дом.

Дури би можеле и да поцрниме
Д-р Даниел Браун, астроном од Универзитетот „Нотингем трент“, рече: – Кеплер 452Б прима ист спекатар и интензитет на светлина како и ние на Земјата. Тоа значи дека растенијата од нашата планета можат таму да растат, ако е карпесто и има атмосфера. Дури би можеле и убаво да поцрниме, како да сме биле на годишен одмор.
Се спроведуваат уште многу истражувања во кои ќе биде потврдено дали нешто би можело да преживее на Кеплер 452Б.

За жал, моментно не е можно да се отиде до таму

Кеплер 452Б е топла, многу влажна и може да биде дом на растенија, но оддалечена е 1.400 светлосни години.
Ако вселенски брод што носи луѓе се движи со брзина како Нови хоризонти на НАСА, да стигнат таму би им требало околу 25,8 милиони години. Значи, не ни преостанува ништо друго туку брзо да смислиме побрзи вселенски бродови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top