| четврток, 6 декември 2018 |

Тајните тунели на Винстон Черчил отворени за јавност

Мрежата на тајни воени тунели во Довер, на југоистокот на Англија, кои во времето на Втората светска војна ги ископала тогашната британска влада за одбрана од нацистичката морнарица, е отворена за посетители. На тој начин се отвора „првата одбрана на британската територија“.

cercil

Огорчен што германските воени бродови му „пловат пред носот“, Винстон Черчил наредил изградба на тунел пред 75 години, односно во јули 1940 година. За помалку од 100 дена бил ископан комплексот кој се наоѓал 23 метри под земја.

Во него 185 војници и четворица наредници со топови им возвраќале на нападите на нацистичките бродови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top