| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците петти по број странски работници во Албанија

Во периодот 2011-2014 година турските државјани се најмногубројни странски работници во Албанија.

работници

Пресметано во проценти тие се 52 отсто од странците што се здобиле со дозвола за престој и за работа во Албанија, по што следуваат кинеските, канадските, косовските, македонските, индиските и српските државјани.
Во студијата изработена од „Опен дата Албанија“ содржани се податоци за тоа колку и од каде се пристигнати странски државјани за работа или, како што стои „приливот на емигранти во разни сектори во период од три години“.

Според оваа судија, во споменатиот период во земјата документ за престој и работи обезбедиле 2.504 странски граѓани, при што дури 1.068 се турски, 246 кинески, 164 косовски, 82 канадски, по 62 македонски и индиски и 41 српски државјанин.

Дозвола за работа тие добиле од страна на националната служба за работа, од каде што потврдуваат дека има и државјани на Египет, Филипини и Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top