Четири лица се здобиле со телесни повреди во синоќената сообраќајна несреќа на регионаниот пат Неготино – Кавадарци, кај местото Криво Мовче.
Според информациите на полицијата, во несреќата учествувале три возила, од кои две патнички и едно товарно, пренесува МИА.
– Сообраќајката се случила во 20.30 часот. Поради недржење на правец и страна на движење, патничко моторно возило „фолксфаген голф“ удрило во товарно моторно возило влекач „ман“ со полуприколка и патничко моторно возило „опел корса“, кои му доаѓале од спротива. Повредени се двајца патници во голфот и исто толку во „корсата“ – соопшти Дејана Недељковиќ, советник за односи со јавност при Секторот за односи со јавност во МВР на РМ.
Увид на самото место извршила екипа на полициското одделение за безбедност во патничкиот сообраќај Неготино, по овластување на јавното обвинителство од Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


