Македонската женска младинска репрезентација во последниот натпревар од групната фаза на Еп во Шпанија ремизираше со репрезентацијата на Русија, 26-26 . Од група Б во главната фаза продолжуваат Русија и Германија, додека Македонија и Литванија ќе се борат за место од 9 до 16 позиција на ЕП. Иако Русинките беа фаворити, младите Македонки на триесет секунди пред крај повторно имаа предност од еден погодок, но точка на овој натпревар стави Русинката Беликова за конечни 26-26.
Како најкорисна ракометарка во екипата на Македонија беше прогласена Нина Ладева, додека кај Русинките најдобра беше Фролова.
Македонија ќе игра против третопласираната екипа во група А, репрезентацијата на Србија, додека еден ден подоцна ќе се натпреварува со репрезентацијата на Хрватска, која заврши како последна во група А.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст