| четврток, 6 декември 2018 |

Популарните „Мањифико“ одржале 42 концерти за настраданото Скопје

manjikifo05
Помладите, можеби, воопшто не слушнале за ансамблот Мањифико што има одржано повеќе од 3.700 самостојни концерти во повеќе од 30 земји во светот, но постарите многу добро ги паметат хуманитарците што направиле 42 концерти за настраданото Скопје во земјотресот во 1963 година. Панче Кочовски, еден од членовите на „Манифико„ во една прилика рече дека земјотресот е една од најлошите работи што се случиле.
– Цела Југославија беше во еден голем траур. Тогаш се виде колку сме солидарни… Седум луѓе од моето семејство загинаа. Се одложи изборот за Мис на Југославија, а потоа сите пари од тоа одеа за Скопје – има изјавено Кочовски за „Република“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top