
Љубовникот од соништата е нежен, грижлив, знае да ја задоволи жената и сите нејзини потреби и може долго… На овој женски стереотип се надоврзува и сликата на маж со извајано тело бидејќи “ако толку вежба, издржлив е во кревет”.
Но, научниците го тврдат спротивното. Најдобрите љубовници се мажите со изразен стомак или познат како „пивски стомак“.

Статистиката уште еднаш дала резултати кои им одат од рака на оние со помалку дефинирани мускули – мажите со поголема телесна маса од просечната можат во кревет можат да издржат подолго. Истражувањето покажало дека подебелите мажи во просек можат да издржат пенетрација од 7,3 минути пред да дојдат до врвот, додека перфектно развиените типови со рамен стомак се “готови” за три пати помалку време – едвај две минути.

Научниците велат дека причината за тоа е многу едноставна – салото на стомакот укажува на повисоко ниво на естрадиол, женски сексуален хормон, кој помага кон остварување на оргазмот. Слабите типови го немаат во тие количини и обично прерано ејакулираат.
Затоа ако сакате незаборавен секс, најдете некој неодоллив тип со стомак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


