
Вечерва околу 20:30 на улицата „Климент Охридски” во Струмица, во близина на кружниот тек на излезот кон Василево се случи сообраќајна незгода. Според Струмица Денес, има неколку посериозно повредени лица.
Во сообраќајната незгода учествувале две возила од кое едно пежо со штипски регистарски таблици, кое било свадбено украсено, и автомобил марка Мерцедес. И двата автомобили се целосно уништени, а можат да се забележат делови од автомобилите и на неколку десетина метри одалеченост од местото на несреќата. Според очевидците еден од автомобилите направил погрешно свртување и со голема брзина му го пресекол патото на другото возило.
Полицијата прави увид на местото на настанот, а со возила на итната медицинска помош неколку лица се пренесени во струмичката болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


