| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските одбојкари ја совладаа Данска

makedonija-radost
Македонските одбојкари и се реваншираа на Данска. По вчерашниот непријатен пораз од Данска (3:2 во сетови), го победија истиот ривал со 3:1 во сетови.

Избраниците на Жарко Ростоски го добија првиот сет со 25:16, следеше мал пад во концентрацијата некаде на средината на вториот сет кој на крајот го загубија со 22:25. Со сигурни 25:18 во третиот и 26:24 во четвртиот сет ја заверија победата која успеаја да ја пропуштат вчера во првиот дуел со Данска, и на тој начин си ги задржаа шанси за пласман во наредната рунда од натпреварувањата во Европската лига.
Следен противник на македонската репрезентација е селекцијата на Австрија, а двата дуели се закажани за наредната недела, исто така во СЦ „Борис Трајковски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top