| четврток, 6 декември 2018 |

Не очекуваат најтоплите денови ова лето – вторник и среда 42 степени

Summer temperatures in Berlin
Овој јули ќе биде запишан како натпроселно топол. Само во Скопје до 25 јули, има 23 тропски денови (денови со максимална температура над 30°С), со што веќе е надминат просекот од 19 тропски дена во јули.

Според Метеопро, последната недела од јули ќе донесе неколку дена со жешко време, без врнежи. Во вторник можеме слободно да очекуваме температура до 42°С во демиркапискиот регион. Останатите места долж повардарие ќе имаат максимална околу 40°С. Пелагониската котлина би очекувала максимална околу 37°С, додека Охрид и Преспа околу 35°С.

Сепак среда, во поглед на средна максимална темература низ земјава, ќе биде потопла. Со тоа, веројатно, среда ќе биде и најтоплиот ден годинава.

На почетокот на август жештината малку ќе попушти, но температурите остануваат над 33°С во најголем дел од низините низ земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top