| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците петти по број на странски работници во Албанија

gradeznici
Во периодот 2011-2014 година турските државјани се најбројни странски работници во Албанија. Пресметано во проценти тие се 52 отсто од странците кои се здобиле со дозвола за престој и работа во Албанија, по што следуваат кинеските, канадските, косовските, македонските, индиските и српските државјани.

Во студијата изработена од „Опен Дата Албанија“ содржани се податоци за тоа колку и од каде се пристигнати странски државјани за работа,или како што стои „приливот на емигранти во разни сектори во период од три години“.

Според оваа судија во споменатиот период во земјата документ за престој и работи обезбедиле 2.504 странски граѓани, при што дури 1.068 се турски, 246 кинески, 164 косовски, 82 канадски, по 62 макдонски и индиски и 41 српски државјанин. Дозвола за работа тие добиле од страна на националната служба за работа, од каде потврдуваат дека има и државјани на Египет,Филипини и Русија.

Најголем процент од нив се ангажирани во градежништвото, 594 лица, потоа во секорот услуги 288 и исто толкав број во трговија, додека најмалку или 103 странци се ангажирани во секторот здравство.

Во перидоот 2011/2014 најмногу странци за да работат во Албанија приситгнале во 2012 или 2.499, од кои 2.199 како претприемачи, 25 инвеститори, останатите работнци во повеќе сектори. Во следните две години, 2013 и 2014 бројот на странските работници видно се намалил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top