| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ со старата тактика – закани и напади

zaev liderska 2
Наместо опозицијата да ги засука ракавите и да направи програма со која ќе ја побара довербата од граѓаните, во добро познат стил како пред сите избори настапува со закани. Познавачите ова го оценуваат како погрешна тактика и во ваквиот настап препознаваат партиска криза и немање капацитет за креирање на здрави политики.

Во последното интервју лидерот на СДСМ, Зоран Заев се заканува дека специјалниот јавен обвинител ќе покрене кривични тужби против премиерот Груевски и други луѓе од власта. Инаку според анализите, но и брифинзите од Бихаќка за барањата за обвинител, тие се од лични мотиви, односно Заев бара човек кој однапред ќе му вети ослободувања од обвиненијата во „Пуч“.

Споредбите со минатото укажуваат дека еден од главните методи на работа на социјалдмеократите всушност е обвинувањата за режим и заканите.

Излегуваат со ветувања во кои и самите не веруваат. И ова според упатените е дел од предизборната тактика на СДСМ.

Но и „билдање“ на еуфорија е препознатливо за опозициското раководство. Познавачите констатираат дека во изминатиов период опозицијата се сили со лажни анкети, и со бројност на митинзи, притоа обидувајќи се да прикажат дека имаат голема поддршка од народот.

Крајот на изборните цилкуси години наназад е речиси идентичен. СДСМ доживува фијаско. Ја нема еуфоријата, а во партиското седиште единствени присутни се новинарските екипи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top