Стотици прокурдски демонстранти излегоа на улиците на три европски престолнини, протестирајќи поради воздушните напади на Турција на положбите на курдските бунтовници на северот на Ирак.
Демонстрантите во Велика Британија, Германија и Франција протестираа денеска против турската Влада, со чија одлука да се нападнат положбите на ПКК во северен Ирак, е прекршено примирјето постигнато во 2013, јави „Раша тудеј“.
Во Велика Британија прокурдските демонстранти го блокираа седиштето на Би-Би-Си во Лондон, за време на протестната прошетка, која почна во Даунинг стрит.
Демонстрантите носеа плакати со натписи „Турската влада ја финансира ИД“, „Долу на фашизмот во Турција“, „Ердоган, крвта е во твои раце“ и извикуваа „Би-Би-Си, срам да ви е!“.
Мал број полицајци беа присутни, најмногу на влезот во Би-Би-Си, а протестот помина мирно.
Стотина прокурдски демонстранти протестираа и во германската престолнина, во знак на сеќавање на жртвите од масакрот во Суруч и поддршка на курдите во Турција.
Присуството на полицијата за време на маршот во Берлин беше далеку поголемо отколку во британската престолнина.
Прокурдскиот собир во Франција беше најголем, со околу 2.000 демонстранти кои излегоа на улицит во Париз, за да протестираат против неодамнешните турски воздушни напади врз положби на ПКК на северот на Ирак.
Млади активисти носеа црвени маици со фотографии на жртвите на терористичкиот напад и извикуваа „Ердоган убиец“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст