| четврток, 6 декември 2018 |

Во Дојран незаконски се точеле домашна ракија и мастика

Комбинирани тимови на Царинската управа и на Управата за јавни приходи вчера извршија координирани контроли во повеќе угостителски објекти во Дојран.

kontrola-alkohol2

Царинската управа контролите ги вршеше согласно своите надлежности кои што произлегуваат од Законот за акцизите, додека Управата за приходи согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања.

При контролата во шест угостителски објекти е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци.

Притоа, привремено се задржани околу 64,5 литри литри жестоки алкохолни пијалоци од кои 30 литри се домашна ракија и мастика за кои не е платена акциза и за кои не постојат документи за потекло и за здравствена исправност.

Царинската управа продолжува со контроли на акцизните добра со цел да се обезбеди легитимна конкурентност, заштита на здравјето на граѓаните и соодветна наплата на пропишаната акциза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top