Со повеќе активности и манифестации денесka ќе биде одбележана годишнината по повод 52 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963-тата година, во кој главниот град на државата беше претворен во урнатини.
Утрово на Градските гробишта во Бутел официјални делегации и претставници на институции положија цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес.
Традиционално, по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје се одржува крводарителска акција.
Во Младинскиот културен центар (МКЦ) со настанот „МКЦ за Скопје“ ќе биде одбележана годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
Од 20 часот ќе биде отворена изложбата на младиот македонски уметник Иван Петрушевски-Филм, со наслов „Херои и нули“. Потоа следува проекција на документарниот филм за култните „Леб и сол“, „Каша“ во режија на Дарко Марковиќ, концертен настап ќе имаат групите Sethstat&Мирко Попов, Khara и Сусијат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст





