Полицијата во Париз утрово околу 8 часот отвори оган на плоштадот Конкорд врз автомобил кој одбил да запре.
Полицијата е присутна на плоштадот Конкорд и на авенијата Шанзелизе во рамки на обезбедувањето на велосипедската трка Тур де Франс, која денеска пристигнува и завршува во Париз.
Полицајците побарале од возачот на автомобилот да запре, но тој одбил, по што забрзал кон нивна насока и полицајците биле принудени да отворат оган.
Полицијата не успеала да го неутрализира автомобилот, по кој интензивно се трага, а се претпоставува дека возачот е ранет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)