Селекторот на Италија, Антонио Конте со комплименти го оцени рејтингот на македонскиот фудбал, односно на нашата репрезентација, веднаш по денешната ждрепка за пат на СП во Русија 2018 година. Со Италија за првпат ќе играме во квалификациски циклус, а со нас и „аѕурите“ во Г групата се и Шпанија, Израел, Албанија и Лихтенштајн.
„Според мене ги добивме најтешките можни противници од четвртиот и од петтиот шешир, Израел и Македонија. Така да, и со оние против Албанија, секој натпревар ќе биде интересен. Да не ја спомнувам Шпанија. Ова ќе биде мошне интересна група“, изјави Конте.
Групата Г е една од најтешките, а еве го составот на сите групи во европските квалификации:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.