| четврток, 6 декември 2018 |

Знаци дека тој манипулира со вас

Манипулативните луѓе знаат како да ги извртат вашите мисли, дела и желби во нешто што многу повеќе му одговара на нивниот поглед на свет и знаат како да ве обликуваат во она што најмногу им одговара на нивните потреби.

maz odmeruva zena

Најлошиот дел од манипулацијата во врската е тоа што мошне често вие не сте ниту свесни дека тоа се случува. За да бидете сигурни дека тоа не ви се случува и вам, обрнете внимание на овие четири сигурни знаци.

1.Поради него се чувствувате виновна… за се

Манипулацијата секогаш започнува со вина. Доколку тој може да ве убеди дека треба да се чувствувате виновна за нешто што сте направиле (па дури иако не е нешто лошо), тогаш тој знае дека ќе бидете подготвени да го направите она што го бара од вас.

2.Поради него се сомневате во себе си

Зошто му е толку лесно да мнипулира?  Затоа што ќе ве доведе до стадиум во кој што повеќе неверувате во себе си. Така е, манипулаторите ја користат несигурноста и ја насочуваат против вас. Тие константно ги истакнуваат вашите слабости за да ви „покажат“ дека со нивна помош ќе бидете подобри.

3.Вие сте одговорни за неговите емоции

Манипулаторите се иронични, тие поминуваат доста време „убедувајќи“ ве дека неможете да водите сметка за себе си, а тогаш ќе ве направи одговорни за она што тие го чувствуваат во моментот. Доколку се тажни, вие сте виновни. Доколку се бесни, пак сте вие виновни, затоа што сте направиле нешто лошо (иако не сте направиле). Тие константно ќе ви даваат до знаење дека не сте во состојба да го контролирате сопствениот живот и едноставно ќе ве обвинуваат и ќе ве посочуваат како одговорни за нивните емоции.

4.Ве уверува дека го сакате тоа што тој го сака

На почетокот на врската постојат одредени „барања“ и „правила“ и од двете страни, но како што се развива и се зацврстува врската нормално е да се направат некои компромиси. Што не е нормално? Кога во целост морате да го тргнете настрана она што вие го сакате и што ви е потребно за да го задоволите партнерот. Доколку сфатите дека потребите на вашиот партнер се исполнуваат многу почесто од вашите, постои голема шанса дека вашиот партнер манипулира со вас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top