Мајкл Дурам Принс, поранешниот инженер на звукот на Мајкл Џексон, тврди дека во својот компјутер зачувал „20 никогаш објавени, но недовршени песни“ од кралот на поп-музиката.
– Немам право ниту да ги откријам имињата на овие песни, ниту да ги пуштам – истакна Принс, кој работел со Џексон од 1995 па се` до неговата смрт во 2009 година.
– Верувам дека ќе има уште албуми, но засега планираме да издадеме по неколку нови песни секои шест месеци. Има многу работа. Мајкл не ги пееше рефрените на демо-снимките, па затоа треба да се најде некој кој ќе ги отпее. А тоа значи дека ќе станува збор за дуети – објасни тонскиот работник, додавајќи дека „семејството на Џексон, неговите наследници и неговата издавачка куќа ќе го дадат последниот збор“.
По смртта на славниот пејач издадени се два постхумни албума: „Мајкл“ (2010) и Ескејп (2014).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.