Кејт Мидлтон, сопругата на британскиот принц Вилијам, мора да ги почитува и спроведува низата строги заповеди кога станува збор за нејзиното облекување и општиот изглед.
Наводно, кралицата Елизабета Втора лично составила листа на правила која Кејт е должна да ги исполнува при појавувањето во јавноста.
Во секојдневниот живот, војвотката од Кембриџ е принудена да почитува неколку забрани, па така не смее никогаш да носи лак со „нападни“, „вулгарни“ бои и чевли со платформа, кои Кејт, инаку, ги обожава.
Панталоните се дозволени само во исклучителни, вечерни часови, а треба да внимава и на должината на фустаните и здолништата. Најлон чорапите се задолжителни, и во зима и во лето без исклучок.
Војвотката од Кембриџ е обврзана посебно внимание да посветува на косата и веѓите, но екстензиите и прамените се најстрого забранети.
Кога станува збор за модните додатоци – аксесоарите, на Кејт не и е дозволено да носи бижутерија, туку исклучиво накитот на кралското семејство. Чантата може да ја носи во рака, но никако на рамо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.