Поголем број полициски службеници за издавање дозволи за 72-часовен престој во Македонија и зголемување на бројот возовите кои тргнуваат од железничките станици во Гевгелија и Миравци, предлага Општина Гевгелија со цел намалување на бројот на мигранти во овој град.
Ова го предлага општина Гевгелија со цел намалување на бројот на мигрантите во овој град. Наскоро предлозите ќе бидат испратени до надлежните институции на разгледување.
Советот на Општина Гевгелија изрази загриженост бидејќи мигрантите по влезот во државата, престојуваат на повеќе локации во градот- на железничката и автобуската станица во Гевгелија, на околните зелени површини…
Гевгелиските советници дискутираа за безбедносните, здравствените и комуналните проблеми на жителите на Гевгелија бидејќи, според нив, бројот на мигранти се зголемува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти