Во општина Чешиново-Облешево на пригодна свеченост денеска беше предадена во употреба новата детска градинка, инвестиција на Министерството за труд и социјална политика вредна четири милиони денари.
Во присуство на голем број граѓани и родители градинката ја предаде во употреба министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
– Градинката во Облешево е дел од проектните активности на Министерството за труд и социјална политика за изградба на детски градинки во руралните средини. Градинката е со површина од 160 метри квадратни и во неа има две занимални, кујна и просторија за воспитувачите. Ќе згрижува 50 деца од Облешево и соседните населени места. Вкупната инвестиција, која е на Министерството за триуд и социјална поилитика изнесува 4 милиони денари, истакна Спасов.
Тој најави изградба на детски градинки и во општина Карбинци и во Делчево, како и довршување на детската градинка во населбата Оризари, крај Кочани. Во соработка со локалната самоуправа од општина Зрновци, Спасов го најави поставувањето камен темелник и изградба на детска градинка во Зрновци.
– Ако опфатот на деца во градинки пред десетина и повеќе години беше 15 отсто денес тој е 36 отсто благодарение на изградбата на детски градинки и во руралните средини, истакна Спасов.
За градоначалникот на Чешиново-Облешево Костадин Личков, предавањето на детската градинка во употреба ќе значи опфат на децата не само од Облешево туку и од соседните села бидејќи со изградените локални патишта и населените места од општината се поврзани со општинскиот центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во градинка: Учителка со сила брка и влече дете по под (видео)
-
Драма во градинка во Прилеп: Вработена физички нападната од сопруг на колешка
-
Родителите и негувателките дале изјави за настанот во градинката „Буба Мара“
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка