| четврток, 6 декември 2018 |

500 граѓани побарале помош за откажување од цигарите

Петстотини лица во текот на изминатата година се опфатени со едукативни предава за откажување од пушење во Советувалиштата отворени за оваа намена во рамки на Центрите за јавно здравје во Репбулика Македонија. Советувалиштата функционираат од јуни минатата година, а половина од опфатените со преддавањата се здравствени работници.

Како што соопшти Министерството за здравство, согласно Акцискиот план, во првата фаза беа опфатени здравствените работници со цел да им помогнат на своите пациенти во процесот на откажување од пушење.

Сите Центри за јавно здравје подготвија план за работа на Советувалиштето, кој е достапен на веб-страниците на Центрите. Овие едукации се одржуваат двапати неделно по два часа. На пример, во Центарот за јавно здравје во Скопје, советувалиштето работи во вторник и четврток од 13 до 15 часот.

Советувалиштата се достапни  за сите заинтересирани граѓани кои ќе се обратат во Центрите за јавно здравје и во нив работи стручен и обучен кадар од доктор-специјалист и медицинска сестра, а по потреба и други соработници (социјален работник, психолог и др.), кои одржуваат едукативни предавања со фокус на презентирање на штетните ефекти од пушењето врз здравјето на пушачите, како и на штетните влијанија од тутунскиот чад за околината.

Со континуирана едукација и укажување на штетните последици од пушењето, придонесуваме кон целокупно подобрување на јавното здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top