Вчеравечер околу 11 часот на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ кај стоковната куќа „Скопјанка“, се случила тешка сообраќајка кога еден мотоциклист со голема брзина удри во возач на велосипед.
Несреќата се случила додека велосипедистот го поминувал пешачкиот премин, а два автомобили застанале и го чекале да помине. Додека ја поминувал третата лента, во него со голема брзина удрил моторот, и го отфрлил неколку метри, пренесува „Кирилица“.
Двајцата се пренесени во ургентниот центар. Полицијата изврши увид на местото на несреќата, по што ќе се знаат причините.
Фото Кирилица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.