Основното јавно обвинителство во Сомбор започна постапка против српскиот актер Горан Јевтиќ (37) под сомнение дека минатата година силувал малолетник во тој град, пренесува агенција „Танјуг“.
Јевтиќ се гони за две кривични дела – обљуба врз немоќно лице, за кое е предвидена казна од две до десет години, како и за кривично дело недозволени полови дејствија, за кое може да заработи парична казна или затвор до три години.
Против Јетвиќ на крајот на минатата година е поднесена приватна кривична пријава за наводна обљуба над 14-годишнен малолетник, од страна на родителите на момчето.
Актерот има богата кариера зад себе, но македонската јавност го памети по улогите во „Парада“, каде играше и Тони Михајловски, како и филмот на Анџелина Џоли, „Во земјата на крв и мед“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст