| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Нападите врз членови на ИД и врз курдски групи ќе продолжат

Turkish President Recep Tayyip Erdogan visits Romania
Воздушните напади на Турција врз бази на групата Исламска држава (ИД) во северниот дел на Сирија се „прв чекор“ и акциите на Анкара врз членови на исламистички, курдски и на илегални групи ќе продолжат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој истакна дека овие групи треба да го предадат оружјето или „ќе трпат последици“.

Ердоган потврди дека Анкара се согласила да им дозволи на САД користење „во определени рамки“ на воздухопловната база Инџирлик во јужниот дел на Турција за воени операции против борци на ИД.

Турскиот претседател не соопшти детали за договорот, за кој претставници на САД и на Турција изјавија дека бил постигнат во телефонски разговор оваа недела со американскиот претседател Барак Обама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top