| четврток, 6 декември 2018 |

Како сексот да го направите „позелен“

priroda

Откако светот почна да користи еко светилки и се она со што ја чуваме планетата, има начин истото тоа да го правите и во креветот. Интимноста во креветот е здрава не само за вашата врска, туку и за околината.

sweaty_sex

  1. Органски лубриканти – сега може да се најдат органски лубриканти кои немаат петрохемиски состав.
  2. Постелина од бамбус – можете вашата постела да ја прекриете со специјална прекривка направена од бамбус, скапа е да, но е одгледувана без пестициди и опасни хемикалии.
  3. Еколошки долен веш – тој се изработува од свилен коноп, органски памук, бамбус и други здрави билки.
  4. Презервативи кои ја чуваат околината – не звучи најпримамливо, но постојат презервативи од кожа на овци кои лесно се разградуваат.
  5. Дрвени рачки – изработени од природно дрво, прекриени со кожа, а игледаат како интересни секс лисици
  6. Вибратори без фталат – сега постојат и еколошки вибратори кои се изработуваат од еластомер материјал, кој во себе нема латекс и не содржи фталат.
  7. Локално цвеќе – обидете се вашата соба да ја освежите со локално цвеќе.
  8. Органско вино – кога ќе посакате романтична вечера, земете органско вино, односно вино од органско грозје. Во него нема да најдете никакво ѓубриво, пестициди и други синтетички хемикалии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top