
Хаузмајстор и главен инспектор во Општина Центар е и сопственик на градежна фирма – објави „Прес 24“. Порталот преку Централниот регистар дојде до докменти според кои се гледа дека ексхаузмајсторот, а сега главен инспектор во општина Центар, истовремено е и сопственик на градежната фирма „Специјал градба“ ДООЕЛ од Скопје. На документите во Централниот регистар може лесно да се најде неговото име.

Главниот инспектор истовремено е и сопственик на фирма што е регистрирана за изградба на станбени и нестанбени објекти. Инспекторот Кочо Стојчевски ги издава дозволите за градба во општината каде што станбениот простор се продава по највисока цена, пренесува „Прес 24“.
Истиот портал утрово објави фотографии од автомобилот „ауди А5“ вреден најмалку 40.000 евра со која се вози хаузмајсторот Кочо Стојчевски.

Медиумите веќе објавија дека тој неколку месеци лажно се претставувал како инспектор. Уште во октомври и во ноември тој работел како општински инспектор иако градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски решението со кое го унапреди за неверојатни 10 скалила му го дал на крајот на 30 декември 2014 година. Со тоа, Кочо Стојчевски направил кривично дело „лажно претставување“, кое се гони во согласност со Кривичниот законик и за кое се добива затворска казна до една година, објави „Press24“.
Но тука не завршува скандалот со хаузмајсторот на Жерновски. Семејството Стојчевски, очигледно, е омилено кај градоначалникот Жерновски и СДСМ. Освен унапредувањето од хаузмајстор во главен инспектор, општина Центар ја назначила и сопругата на Кочо Стојчевски, Домника, за член на Управниот одбор на јавната установа детска градинка „Кочо Рацин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


