| четврток, 6 декември 2018 |

Чола барал само соба со поглед на Охридско Езеро

До големиот концерт на балканската ѕвезда Здравко Чолиќ, закажан на стадионот “Билјанини извори” во Охрид, остана уште една недела, а организаторите велат дека веќе се е подготвено. Предвидено е концертот на 1 август да трае околу три часа часа.

Чола во Охрид ќе пристигне неколку дена порано за да може максимално да ужива во убавините на омилениот град.

Иако важи за една од најголемите ѕвезди од поранешната република Здравко е скромен и речиси нема никакви барања кои организаторите треба да му ги исполнат за време на престојот во Охрид. Единствената работа за која замоли е да добие сместување со поглед на езерото, а така е затоа што е вљубен во градот, кој вели е единственото место каде може максимално да се опушти и да ужива.

– Охрид е еден од моите омилени градови и таму секогаш одржувам најдобри концерти. Македонците се распеана нација и навистина ми претставува задоволство кога пеам за нив и со нив – вели Чолиќ.

За загревањето на атмосферата, пак, пред официјалниот старт на концертот, ќе биде задолжен младиот Ален Хасановиќ, кој во јавноста се прослави благодарение на музичкото натпреварување Ѕвзедите на Гранд.

Вратите на стадионот “Билјанини извори” ќе бидат отворени уште од 20 часот. Влезниците за концертот, кој е во склоп на летната турнеја на Чола и во чии рамки веќе гостуваше во неколку града во регионов, може да се набават по цена од 500 денари и на сите продажни места на купикартизасе.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top