| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на загинатите момчиња кај Палчиште

Во тешката сообраќајна несреќа која се случи утрово околу 4,00 часот на регионалниот пат Тетово-село Пирок, во близина на село Долно Палчиште, загинаа  Суат Е.(20) и Мирсат А.(23).

До несреќата дошло кога возило „БМВ“со тетовски регистерски ознаки управувано од В.А.(21) излетало од патот и се превртело. Загинатите момчиња биле сопатници и починале на лице место.

Возачот на возилото се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил и уште еден сопатник Х.И.(20). Тие се пренесени се во Клиничкиот центар во Тетово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и единица на СВР-Тетово. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top