| четврток, 6 декември 2018 |

Древна медицина, притиснете одреден прст да се ослободите од паника, страв, несоница…

Според Џин Шин Jуцу, јапонски доктор специјалист за древна алтернативна медицина, со помош на притискање врз одредени прсти, може да се ослободите од болката, несоницата или некои ментални блокади.

Палец
Со притискање на палецот може да се ослободите од стомачните проблеми или било какви непријатности во стомакот. Исто така, на овој начин ќе ја намалите анксиозноста, депресијата, тагата и вознемиреноста.

Показалец
Ако имате проблем со мочниот меур или бубрезите, притиснете го показалецот. На овој начин, исто така, се намалува и треморот во телото, а може и да се ослободите од грчеви, болки во грбот и дигестивни проблеми.

Среден прст
Имате проблем со црниот дроб или нервите? Цврсто притиснете го средниот прст и држете го така некое време. Ова е добар начин да се ослободите од стрес и од несигурност. Со ова се подобрува и вашето кардиоваскуларно здравје, менструални проблеми, проблеми со видот или главоболка.

 

Домал прст
Помогнете им на вашите бели дробови и на дигестивниот тракт. Можете исто така да го решите проблемот со дишењето или стресот.

Мало прсте
Помогнете му на вашето срце, ослободете се од нервоза, анксиозност, напади на паника, осаменост, болка во грлото, абдоминална дистензија и проблемите со коските.

Извор: Higherperspectives.com/zena.blic.rs/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top