Сабота ќе биде сончева наутро и претпладне. Попладне ќе има релативно брз локален развој на купесто дождовна облачност во западните краишта од земјава. Според Метеопро поголема е веројатноста овој развој да биде поинтензивен долж планините на западнета граница. Од оваа облачност се очекува локален пороен дожд проследен со грмежи.
Навечер сѐ уште ќе има услови за дожд во поширокото подрачје околу Охридско Езеро.
Максималната температура в сабота ќе има вредности од 36 Целзиусови степени до 38 Целзиусови степени по повардарието и низините во источниот регион, околу 35 Целзиусови степени во пелагониската котлина и околу 33 Целзиусови степени во охридско-преспанскиот крај.
И недела ќе биде претежно сончева, но повторно со услови за локален дожд. Температурата во недела ќе биде пониска, околу 34 Целзиусови степени, но во северниот дел од земјава. Јужниот регион ќе има слична температура како и в сабота. Југот на повардарието ќе биде за нијанса потопол, со максимална температура околу 38 Целзиусови степени.
Подетално на Метеопро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст