| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени две лица за инцидентот во Куманово

Во СВР Куманово се приведени две лица, а повеќе лица се повикани на информативен разговор заради целосно расчистување и документирање на вчерашниот случај во кој едно лице го загуби животот, а две се повредени во кафе-бар лоциран на улицата „11 Ноември“, соопшти денеска кумановската полиција и најави дека ќе следува соодветна кривична пријава.

ubien-komandant-uck-4

Во соопштението се појаснува дека вчера во 15 и 30 во кафе барот „Шпија Јон“ вербалната расправија меѓу две групи прераснала во физичка пресметка во која во еден момент е дејствувано со огнено оружје, по што 45-годишниот Џ.Ј го загубил животот.

Како што информира СВР Куманово две лица, 38-годишните Ш.Р и Г.Д се повредени и поради карактерот на повредите, пренесени се во Ургентен Центар во Скопје.

Во денешното соопштение на СВР не се посочени мотивите и причината за овој настан кој се случи во кумановската населба Бедиње. Вчера попладне се огласи ДУИ која изрази жалење за инцидентот што се случи во Куманово и ги повика надлежните органи докрај да го расветлат овој случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top