Се будите сред ноќ, погледнувате на часовникот и гледате дека е 2 наутро а треба да станете дури за 5 часа?
Ова се седум стратегии како повторно да заспиете:
1.ИСКЛУЧЕТЕ ГИ СИТЕ СВЕТЛА
Кога ќе се разбудите сред ноќ, на пат до купатилото немојте да ги вклучувате сите светла.
-Светлината го стимулира нашиот мозок за акција-советува Кристофер Винтер, директор на Марта Џеферсон, медицинскиот центар за спиење.
Колку повеќе сте под влијание на силна светлина, толку ќе ви биде потешко да заспиете.
2.СО ЧИТАЊЕ ЗАМОРЕТЕ ГИ ОЧИТЕ
Ако нешто научивме во училиште, тоа е дека читањето досадна литература не успива.
-Доколку се борите со инсомнија, обидете се да читате кога ќе легнете во кревет- вели Винтер.
Тој додава дека би било пожелно во текот на читањето да се користи слаба светлина, за побрзо да ги уморите очите.
3.КОРИСТЕТЕ ГО МОЗОКОТ
Винтер советува дека ако сакате да се окупирате наместо да се превртувате во кревет и да користите електронски уреди како што се телефонот или таблетот, направете ментална вежба. На пример, тоа може да биде замислување на вашата подготовка за работа.
4.ОСТАНЕТЕ НА ГРБ
-Или на стомак. Но никако немојте да се превртувате по креветот. Ако случајно станете, вашето тело тоа ќе го протолкува како сигнал дека треба да се разбуди- советува докторот.
5.НЕМОЈТЕ НИШТО ДА ЈАДЕТЕ
Си мислите дека ако изедете нешто, тие неколку залаци ќе ве успијат? Полноќниот оброк само ќе ве разбуди.
-Ако ова често го правите, вашето тело ќе го прифати како рутина и секоја ноќ ќе ве буди гладта-вели Винтер.
6.ПОДОБРО РЕЛАКСИРАЈТЕ СЕ
Опуштањето на вашето тело може да го опушти вашиот мозок. Ако имате тензија во вашите мускули, се испраќаат сигнали до мозокот и вие тешко дека ќе заспиете. Дишете длабоко и започнете со опуштање на најголемите групи мускули за постепено да преминете на помалите-советува докторот.
7.НЕ ЈАДЕТЕ НИШТО
-Ако сте екстремно уморни после работа, важно е да не го надокнадувате сонот послепладне. Тоа ќе доведе до бессона ноќ.
(Извор: НМД.мк)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст