| четврток, 6 декември 2018 |

Атина со официјален протест: Србија провоцира со поддршката за Македонија

grcka-srbija-zastava-767

Атина е иритирана од ставот на Србија во врска со Косово и со Македонија, објави порталот на атинската РТВ Скај, повикувајќи се на извори во Министерството за надворешни работи на Грција. Според тие извори, „Србија во последно време повлекла низа несфатливи потези вршејќи притисок во ЕУ за решавање на проблемот за името со Македонија, но и иритирана поради информациите во врска со наводен притисок Грција да го признае Косово“. Во текстот на телевизијата се вели дека Грција „поради неодамнешните провокативни потези на Белград во врска со Косово и со името на ПЈРМ (Македонија) вложила официјален протест“.

Во врска со прашањето за името, дипломатски извори за грчката телевизија рекле дека „европските партнери (на Грција), и покрај интервенцијата на Србија признаваат дека Грција на преговорите доаѓа спремна за компромис, додека Скопје треба да го надмине ирендистичкиот менталитет и да попушти од крутите ставови кои го спречуваат договорот“.

Во врска со ставот околу Косово, изворите на телевизијата објасниле дека „признавањето на Косово не е прашање во овој момент и дека Атина води своја надворешна политика водејќи се од националните интереси како критериум“.

Официјалните лица во грчкото МНР „со незадоволство укажале дека Атина седум години ја поддржува кандидатурата на Србија за прием во ЕУ, иако Белград (своевремено) потрчал да ја признае ФИРОМ на основа на своите тесни интереси, пишува во текстот на РТВ „Скај“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top