Чивава стана вистински херој во Канада откога го спаси животот на својата мала сопственичка, која беше нападната од питбул. Осумгодишната Џена Дероша од Чиливак, во провинцијата Британска Колумбија, си играла во дворот на својата куќа кога ја нападнал питбул од соседството.
Кучето прво го гризнало девојчето за колено, а потоа и за лице кога интервенирала Хани, четиригодишната чивава на бабата на Џени.
Иако осум пати помала од својот противник, храброто кутре докажа дека има јуначко срце. Без колебање му излезе на питбулот на мегдан. Збеснатиот питбул тогаш го пуштил девојчето и тргнал во потера по чивавата.
Кога ги слушнала криците, сопственичката на питбулот излегла од својата куќа и некако успеала да го смири кучето.
Џена, која се здоби со сериозни повреди на лицето, веднаш е одведена во болница, каде што е оперирана.
Агресивниот питбул, во меѓувреме, е успиен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.