Поп-пејачката Каролина Гочева за „Убавина и здравје“ открива со кои трикови се служи за да ја одржи витата става по која е препознатлива.
Вели дека воопшто не размислува за тежината затоа што никогаш не ѝ претставувала проблем.
–Верувам дека најголемата заслуга за тоа им припаѓа на моите гени бидејќи во моето семејство никој нема вишок килограми. Важно ми е да го послушувам својот организам и да ги почитувам неговите „директиви“. Последниве десет години не ми се случило да ги покачам килограмите, туку да загубам 2-3 килограма. За разлика од многумина, јас не се дебелеам дури ни за време на новогодишните празници – објаснува Каролина.
На времето, другарка ѝ побарала совет од нутриционист бидејќи сакала да ослаби. Така се решила и таа да се посоветува која храна и одговара, а која не.
-Ми направи режим на исхрана, чијашто цел не беше да ослабам, туку да го одржам здравјето. Следните три-четири години се хранев здраво – јадев многу овошје и зеленчук, пиев многу вода, се откажав од чипс…Бидејќи не сум љубител на слатки, ги јадам неколку пати месечно, но обожавам чипс и други грицки. Меѓутоа, кога тежината не ви варира, без разлика на тоа како се храните, во еден миг ви станува здодевно да внимавате што ќе изедете, а што не. Можам да кажам дека во тој период се чувствував подобро, но станува збор за нијанси, кои не би можеле да ми бидат силен мотив за толку откажувања – вели Каролина.
Таа смета дека самата најдобро знае што ѝ треба и во колкаво количество. Проблемот, коментира пејачката, е во тоа што луѓето често се прејадуваат или не јадат затоа што се гладни, туку само затоа што виделе дека некој друг јаде. Решила да не јаде често пица, а во чипс да ужива само 2-3 пати месечно. Оди на треннзи, секогаш во попладневните часови.
Сака морска храна, обожава плескавица и ќебапи, но, вели, не може да ги јаде често. Солената и зачинета храна е на нејзиното мени – ја сака мексиканската, арапската, кинеската кујна… Нашата кујна ѝ е совршена во зима. Никогаш не легнува гладна, бидејќи не може да заспие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст