Хрватските безбедносни служби проценуваат дека во БиХ има околу 4.000 екстремисти на ИСИС, пишува загрепски Глобус.
Повикувајќи се на инсајдерски извештај за хрватската борба против ИСИС, Глобус проценува дека на милион жители во БиХ има 41 борец на оваа терористичка организација, што е, како што се тврди, најголем просек во Европа, пренесува Танјуг.
Од БиХ во Сирија се заминати 156 мажи со 36 жени и 25 деца. Од почетокот на годината се вратиле 48 мажи и три жени. Загинале 25 мажи и една жена.
Според старосната структура, најстариот борец од БиХ во Сирија има 74 години, додека просечната старост на жените изнесува 27 години. Најстарата има 55 години.
Борците на ИСИС од БиХ заработувале од 50 до 100 долари месечно, а една третина од нив порано била кривично евидентирана поради тероризам, кражби или грабежи.
– Босна е земја во која војната не е завршена туку прекината, пренесува Глобус изјава на надлежните во службите за безбедност на Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.